Третманот Ultherapy® е неинвазивна постапка за лифтинг-подигање и затегање на кожата на лицето, вратот и деколтето без оперативен зафат и е единствениот третман кој е одобрен од страна на FDA (Американската Федерална Агенција за лекови и храна).
Колагенот е природен протеин кој влијае на младешкиот изглед бидејќи ја одржува цврста и тонирана. Како старееме се намалува продукцијата на
колагенот и резултатот е губење на тонусот и еластичноста на кожата.
Ultherapy® делува подлабоко за да го стимулира производството на сопствен колаген и еластин. Може да се применува на следните области на лицето: над очните капаци, во зоната на образите, подбрадокот, вратот и деколтето
Предности на Ultherapy®:
• нехируршки третман
• го стимулира производството на колаген
• дава природни резултати
• еднократна постапка
Ulthera®
Ultherapy® е целосно безбеден нехируршки третман кој користи тестирана технологија со микрофокусиран ултразвук за стимулација на нов колаген длабоко под површината на кожата.
Третманот трае околу 30 до 90 минути, во зависност од третираната област, без потоа да има потреба од дополнително опоравување. Тоа е и единствената процедура при која се користи ултразвучно снимање, што им овозможува на лекарите всушност да ги видат длабоките слоеви на ткивото каде треба да се насочени третманите, а со тоа да се обезбеди депонирање на енергијата токму таму каде што ќе биде потребно.
По Ultherapy® можете да продолжите со вашите вообичаени активности веднаш, без да мора да следите дополнителни мерки на претпазливост. Бидејќи постапката го стимулира сопственото производство на колаген,
колку долго ќе траат резултатите зависи од поединецот.
Првичните резултати на затегнатост на кожата се видливи уште веднаш. Но, крајните резултати ќе дојдат до израз по вториот, односно третиот
месец, како резултат на стимулираниот раст на новиот колаген и еластинот кои го надополнуваат/заменуваат старото ткиво кон кое бил насочен третманот.
Еден третман Ultherapy® може да даде траен ефект кој ќе се задржи повеќе од една година кај некои луѓе.
