Hydrafacial e третман кој е уште познат како хидродермоабразија. Истиот се состои од неколку чекори, а се изведува сo помош на единствената патентирана ”вортекс” технологија, достапна само кај HydraFacial MD медицинскиот апарат.

Самите механички апликатори кои се користат при оваа метода, специјални за ова намена, се одбираат согласно типот на кожа и проблематиката која ја има пациентот.

Она што го прави овој третман единствен е тоа што истовремено комбинира чистење на кожата, пилинг (ексфолијација), екстракција и хидратација со антиоксидативна заштита што резултира со блескава и сјајна кожа веднаш по третманот. За разлика од класичната дермоабразија, нуди многу понежен пристап со истовремено отстранување на нечистотиите од порите, при што симултано се вбризгуваат активни компоненти за навлажнување (хидратација), осветлување, измазнување како и за заштита на кожата.
Целата постапка е неинвазивна и многу пријатна за клиентот.

Видови Hydrafacial третмани

Согласно претходно направена проценка, дерматологот може да препорача различни третмани кои се разликуваат во однос на аплицираните серуми и тоа:

  • HydraFacial третман за акни
  • HydraFacial третман за комедони
  • HydraFacial третман за црвенило
  • HydraFacial третман против хиперпигментации
  • HydraFacial третман против стареење
  • Видови Hydrafacial третмани

 

HydraFacial нуди три основни пакети за нега на лице: Signature, Deluxe и Platinum. Но, и неколку специјализирани:

  • Keravive – третман наменет за скалпот, кој помага во решавање на разни проблеми со косата како што е опаѓањето или алопеција.
  • Perk eye – третман за регијата околу очите. Тој помага за намалување на темните кругови, отокот околу очите и го поттикнува измазнувањето на фините лини во очната регија
  • Perk lips – третман за ексфолијација и хидратација кој придонесува за истакнување на полноста на усните.

Hydrafacial ги опфаќа сите старосни категории, типови на кожа и индикации. Погоден е за третирање на акни кај тинејџери, акни кај возрасни, масна проблематична кожа, проширени пори, ситни мимички линии, но и подлабоки брчки. Хиперпигментации кај повозрасна група на пациенти со кожа оштетена од прекумерно изложување на сонце како и дехидрирана кожа. Третманите освен на кожата на лицето може да бидат применети и на кожата на скалпот и остатокот од телото. Резултатот е видлив веднаш по третманот, кожата станува сјајна и блескава, мазна и со целокупно подобрен тонус и текстура.