Aлерголошки тестови
Кутаните тестови се користат во дијагностика на инхалативните, нутритивните како и медикаментозните несакани реакции. Исто така по препорака на лекар може да се направат RIDA алерголошки тестови преку периферна крв.
Дермоскопија
Дермоскопијата е брз метод кој служи за преглед на пигментни (бенки) и непигментни промени на кожата, со кој се овозможува прецизен и ран скрининг на карциномот на кожа. Препораките се дека секој треба да барем еднаш во годината да направи скрининг на бенки.
Навременото дијагностицирање на кожните карциноми може да значи и нивно комплетно излекување. За изведување на дермоскопските прегледи Центарот за естетска дерматологија располага со најсовремена технологија за дигитална дермоскопија со помош на FotoFinder.