За дерматолошките состојби кај деца и возрасни кои вклучуваат акни, бенки, вирусни брадавици, егзема, псоријаза, розацеа и рак на кожа, како и третман на рани, ние нудиме решенија кои ќе ве направат задоволни вас и вашите деца.

Третман на хронични рани

Третманот на раните се изведува со специјализирани преврски, озон терапија и кислородна терапија во хипербарна комора. Во оваа група хронични рани спаѓаат: Рани од разни етиолошки причини како хронични артериски и венски улкуси, дијабетично стопало, декубитални рани, хируршки рани кои зараснуваат пер секундам, рани од физички трауми како изгореници, подмрзнатини и радијациски улкуси.

Доплер на вени

Поседуваме колор-дуплекс доплер на вени за прецизна евалуација и дијагностика.