Претставува минимално инвазивна метода која се изведува со вбризгување на активни супстанци (витамини, минерали, амино киселини, медикаменти) во дермот и хиподермот на лицето, вратот, дланките како и мезотерапија на телото (како антицелулитна и липолитична терапија).
Оваа терапија со взаемното дејство на механичката дразба како и употребата на активнити супстанци постигнува ефект на поттикнување на продукција на колаген и фибробласти, подмладување, избледување на пигментации и изедначување на тенот, отстранување на стрии и лузни од акни, поттикнување на раст на влакна при опаѓање на косата.
• Мезотерапија за косопад
• Мезотерапија на лице, врат, деколте
• Мезотерапија на тело
