Биоревитализација без игла
Имате некој важен настан и ви треба брз лифтинг на кожата без период на опоравување?
Тогаш биоревитализацијата без игла е она што е потребно!
Овој третман е комплетно неинвазивен и не се користат игли.
Се нанесува PRTX-33 гел како пилинг кој длабоко хидрира и затега без лупење на кожата.
Поради тоа веднаш по третманот може да се вратите на своите активности заради тоа што не е потребен период на опоравување.
-После оваа брза процедура кожата не е осетлива на сонце така што оваа процедура може да се прави во лето и зима.
-Биоревитализација без игла е современа метода за подмладување која ја стимулира природната регенерација на кожата.
Исто така oвозможува успешно лекување на: акни, лузни, стрии, површински брчки, мелазма, хиперпигментации и други видови на фотостареење и неправилности на кожата.
Вашата кожа ќе биде длабоко хидрирана свежа блескава и затегната.
Промените се видливи одма а за најдобар ефект препорачуваме 3 третмани од овој тип.
Масажа за лифтинг на лице
Вашата кожа ќе биде затегната, свежа и длабоко хидрирана благодарение на овие нежни, но ефективни техники. Секој третман ја стимулира циркулацијата, го подобрува производството на колаген и ја враќа природната еластичност, додека лицето блеска со младешки сјај.
