Корекција на усни со хијалурон

Корекција на усни со хијалурон е едноставен, безбеден и ефикасен начин да го вратите младешкиот изглед на Вашите усни.

Самиот третман се работи по претходно нанесување на локален анестетик во вид на крема.

Третманот трае околу 15 тина минути без посериозни последици освен оток и модринки кои поминуваат за неколку дена.

Резултатите се видливи веднаш по третманот и траат од 6-24 месеци, во зависност од типот и квалитетот на дермалниот филер кој се користи и индивидуалните карактериситки на организмот за апсорпција на хијалурнот.

Филери

Во последниве години, со голема популарност се здобија таканаречените филери (или дермални импланти). Тоа се продукти кои се вбризгуваат во кожата и на тој начин ги пополнуваат брчките, го зголемуваат волуменот на усните и ги ремоделираат контурите на лицето.

Хијалуронски филери

Иако хијалуронските филери се познати на сите како „тајна состојка„ на убаво обликуваните и полни усни, нивната примена ја надминува само оваа намена.

Хијалуронот е природна состојка која се наоѓа во нашата кожа и има способност да ја задржува водата, ги пополнува брчките и дава волумен.

Еве примери на некои регии кои може да се корегираат со хијалурон:

Усни: Хијалуронот може да го зголеми волуменот и дефиницијата на усните, како и да ги ублажи брчките околу нив.

Подочници: Хијалуронот може да ги намали темните кругови под очите како и да го подигне и освежи погледот. Хијалуронот во подочниците се вбризгува во подлабоките слоеви на кожата и дава ефект на одморен и младешки изглед.

Нос: Хијалуронот може да ја израмни малата неправилност на носот, да го истакне и подигне врвот на носот како и да додаде волумен. Хијалуронот за нос е алтернатива на хируршката корекција кој не бара време за опоравување и дава природни резултати.

Брада и долна вилица: Хијалуронот може да ја поправи контурата на брадата и долната вилица , како да го намалии вишокот кожа на подбрадокот. Хијалуронот за брада и дoлна вилица може да ги промени пропорциите на лицето и со тоа да се постигне складен профил.
Појава на мали модринки кои се составен дел од постапката на корекција на усни кај некои се изразени повеќе кај некои се иразени помалку.

Корекција на носот со хијалурон

Доколку сакате да го поправите обликот на вашиот нос, а сакате да избегнете операција, ви претставуваме популарна алтернатива која ги заменува хируршките резови со инјекции!

Едноставна апликација на хијалуронска киселина може да постигне одредено преобликување:

-додавање волумен
-измазнување на испакнатините
-пополнување на вдлабнатини
-подигање на врвот на носот
-постигнување на издолжување на носот
-постигнување симетрија

Целиот процес трае кратко, а резултатите можат да траат и до 18 месеци!