Меланомот-ракот на кожа се развива подмолно, без речиси никакви симптоми, а неговото навремено откривање може да спаси живот.
FotoFinder (ФотоФајндер) е светски лидер во видео дермоскопијата, обезбедува врвна технологија која вклучува вештачка интелигенција со помош на која веднаш се детектираат нови, изменети и сомнителни бенки.

FotoFinder овозможува комплетно мапирање на кожата на целото тело. Дермоскопското испитување на целото тело со помош на FotoFinder ги спојува целосното мапирање на телото (Total Body Mapping) и дермоскопијата. При тоа со хигиенско растојание од повеќе од 1,6 метри до пациентот, прегледот може да се одвива во безбедно опкружување.

Новиот, ултра брз работен процес ја визуелизира површината на кожата без рефлексија и со спектакуларен квалитет. Ова овозможува преглед на статусот на бенките на пациентот веднаш, без да има потреба од правење на дермоскопска слика на секоја поединечна лезија. Благодарение на поларизираните, обработени, слики со висока резолуција, структурата на невусите достапна преку слика на целото тело.

FotoFinder®

Мајсторот за скенирање на тело (Bodyscan Мaster) ги идентификува лезиите во сите направени слики на телото и интелигентно ги распоредува според нивната важност на еден екран. Софтверот ги категоризира како: нови, променети и непроменети невуси.

Ова заштедува многу време и го намалува блискиот контакт на минимум. Комплетното дермоскопско мапирање на кожата како процес, комбинира извонреден квалитет на слики, со нови софтверски функции и вештачка интелигенција (AI).

Токму FotoFinder со вештачка интелигенција овозможува исклучителни рeзултати на овој комбиниран систем. Од една страна тоа значи оптимизација на резултатите од скенирањето на телото (Bodyscan) и комплетното дермоскопско мапирање (Total Body Dermoscopy), а од друга страна ги поддржува анализите на поединечни лезии со анализаторот на бемки Moleanalyzer Prо кој дозволува пред-проценка на меланоцитски и немеланоцитски лезии користејќи алгоритам базиран на,,длабоко учење,, тестиран при клинички испитувања.

Закажете преглед веднаш, затоа што во случај на малигнен меланом, раното откривање може да спаси живот!
Капилароскопија и трихоскопија – со овој апарат се изведуваат и анализа на косата и скалпот и дијагностицирање на сите типови на косопад.