Пред/Потоа

Го негуваме природниот изглед на усните

Пред/Потоа

Tретман на кожа склона кон акни

Правилниот третман на кожата склона кон акни често бара комбинација од различни третмани.

Тоа значи дека е потребно да се земат во предвид бројни параметри како што се – полот, возраста, моменталната состојба на кожата, и секако резултатите кои сакаме да ги постигнеме.

Една комбинација на третмани може да даде совршени резултати кај еден пациент, но примената на истата терапија не може да постигне никаков ефект кај друг пациент.

Затоа наш најтопол совет и препорака е да дојдете кај нас на консултација и потоа заедно да утврдиме која е причината, како да ја елиминирате и колку време ќе биде потребно за да постигнете убава, чиста и негувана кожа.

Пред/Потоа

Естетска корекција на вилица

Естетска корекција на вилицата обично се изведува со хијалуронски филери.?

Резултатите од естетската корекција на вилицата можат да траат од 6 до 18 месеци, во зависност од типот на филерот и индивидуалната реакција на организмот.

Пред/Потоа

Естетска корекција на ушните школки

Со естетска корекција на уши, можете да постигнете природен и хармоничен изглед што ќе ви донесе повеќе самодоверба.
Д-р Живорад Коцевски, специјалист по пластична реконструктивна и естетска хирургија, при клиниката Жан Митрев ви нуди сигурност и професионализам во секој чекор на процесот.