Нашата мисија

Да обезбедиме најнапредна нега на
кожата за нашите пациенти.

ЗА НАС

Eстетска дерматологија

Како одминува времето, нашата кожа ги покажува природните, неизбежни знаци на стареење – брчки, линии и оштетувања од сонцето. На ова може да се спротивставите со нехируршки козметички процедури кои можат да ги измазнат линиите и брчките, да подигнат тонус, да ја затегнат опуштената кожа, да ги намалат флеките, да ја поправат нерамномерната пигментација, да го минимизираат изгледот на вените на лицето и да создадат свежа, блескава, младешка кожа. Нашите третмани решаваат многу проблеми на најразлични делови на телото.

Третманите вклучуваат филери на усни, фини линии и брчки, процедури на анти-стареење, затегнување на кожата, обновување на површината на кожата, отстранување на лузни од акни.

Некои од најпопуларните нехируршки третмани што ги нудиме вклучуваат:
  • Ласерски третмани
  • Мезотерапија
  • Биоревитализација
  • Дермални филери
  • Колаген стимулатори Ultherapy

и многу повеќе.

Врвните експерти и најсовремената технологија

Eксперти од областа на естетската медицина

Тимот на Жан Митрев Естетик, предводен од д-р Анџелка Илиева – единствениот доктор од Македонија, член на управниот одбор на најголемото здружение за естетика на Балканот SESIAM, беше дел од 5-тиот SESIAM International Congress, кој се одржа од 21 до 22 септември во Белград.
Овој престижен настан собра водечки европски експерти од областа на естетската медицина, кои зборуваа за најсовремените технологии, методи и иновации кои придонесуваат за поставување на нови стандарди во естетската медицина и дерматологија.
Учеството на овој конгрес дополнително го зајакна позиционирањето на Жан Митрев Естетик центарот како лидер во естетската медицина и дерматологија, со постојан стремеж кон постигнување на најдобрите резултати преку користење на најнови технологии и методи.
Доверете го здравјето на вашата кожа на врвните експерти и најсовремената технологија!

Тимот на Жан Митрев Естетик – дел од големиот меѓународен симпозиум за естетска медицина!

Eдукација за напредни техники на ласерски третмани во Candela Excellence Centar во Белград, Р. Србија

International education - Sinclair Exclusive Launch и Masterclass со врвни доктори и доолгогодишно искуство

Симпозиум на Здружението за Естетска Медицина и Teoxane Academy

4тиот Интернационален Конгрес за естетска и anti-age медицина во Белград